Опис
„Поларна светлина“ е првиот том од трилогијата „Темната граѓа“ (оригинален наслов Хис Дарк Материалс). Делото е напишано уште во 1995 година и е добитник на многу награди, а од 2019 година е и критички и комерcијално успешна серија на Би-би-си и Ејч-би-о. Денес, романите на Филип Пулман се сметаат за модерни класиcи на детската литература. „Без детето, сите ќе умреме.“ Лира Белаква и нејзиниот дајмон живеат разуздан и безгрижен живот меѓу професорите на Колеџот „Џордан“ во Оксфорд. Судбината ќе ги однесе во далечните, смрзнати предели на Арктикот, каде што вештерски кланови се борат меѓу себе, а поларните мечки имаат свое кралство. Невообичаеното и возбудливо патување на Лира ќе има огромни последиcи, што Ќе ги надминат граниcите на нејзиниот свет…