Опис
Во оваа книга застапени се шест антологиски кореографии на ансамблот „Танец“, настанати во периодот од 1958 до 1968 година. Овие антологиски постановки прват ќе бидат дадени на јавоста во форма на целосен графички запис за сите инструменти вклучени во изведбите. Оригиналните музички обработки во ова издание се „иновирани“, сообразно составот на денешниот оркестар на ансамблот „Танец“, но притоа се задржани сите специфики што ги замислиле големите музички мајстори (во овој случај – Трајко Прокопиев и Ѓорѓи Димчевски). Со овие записи оркестрите во културно-уметничките друштва ќе имаат прецизен нотен запис за д аможат да се изведуваат овие бисери на македонската фолклорна традиција.