Availability: In Stock

Панонскиот адмирал: емоционален водич низ дискографијата на Ѓорѓе Балашевиќ

Бар код: 9786082679266

490ден

Шифра: 012878

Автор: Иван Ивачковиќ

Година: 2025

Страници: 336

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категории: , , Тагови: , ,

Опис

„Панонскиот адмирал“ е книга за кариерата на еден голем поет и за падот на една голема држава. Ова е професионална биографија на Ѓорѓе Балашевиќ и збирка од лични и колективни сеќавања. Балашевиќ беше сјаен хроничар и мудар толкувач на нашето време. Во текот на деведесеттите години на 20 век стана симбол на отпорот кон длабоката балканска провинцијализација и на војната. Се спротивставуваше на силата на глупоста и на глупоста на силата. Сепак, пред сè, ќе го паметиме како поет на интимата и на човековите чувства, како поет на љубовта. Веќе неколку генерации ги носат неговите песни под кожата. Стави потпис на обемна дискографија без слаб албум, што е реткост и во интернационални размери. „Панонскиот адмирал“ е поклонување пред неговата уметност и неговиот цивилизациски ангажман.