Опис
Најновата книга на Димитрие Дурацовски – „Околу три по полноќ“ е многу нешта: хибридна проза, експериментален роман, несекојдневен дневник,… прегратка на текстуалното со визуелното, на дарбата со знаењето,… но над се – раскошен каталог на едно широко време и на едно длабоко постоење. Бесценет експонат од изложбата на современата македонска книжевност.