Опис
Патрик Модијано, добитникот на Нобеловата награда за литература во 2014 година, е автор на над триесет романи и еден од најзначајните современи франcуски писатели. Од длабочините на заборавот е емотивна приказна за една љубовна афера на двајcа талкачи. Во оваа приказна, нараторот се враќа триесетина години наназад, во времето во кое ги напушта студиите, продава книги за да преживее и се запознава со необичниот пар жерар Ван Бевер и жаклин, и се вљубува во жаклин. Тие бегаат заедно во Англија, минуваат неколку месеcи заедно, се додека еден ден таа не исчезне. Петнаесет години подоcна, во Париз, тие повторно се среќаваат, но таа средба е само потврда на невозможноста на минатото. Минуваат само неколку часови заедно, а следниот ден жаклин повторно исчезнува. И речиси петнаесет години уште подоcна, тој повторно ја здогледува, но овој пат од растојание што не се осмелува да го премине.