Опис
Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес. „Еден ден прочитав книга што целосно ми го смени животот.“ Вака почнува „Нов живот“, најбргу продадениот роман во историјата на Турcија − роман за патување, авантура и една многу посебна книга што им го менува животот на сите што ќе ја прочитаат. Студентот Осман чита книга чијашто содржина Памук не ни ја открива во јадрото на романот стои голема празнина што читателот мора да ја пополни самиот. Но, таа празнина е повеќе од значајна, затоа што го води младиот протагонист низ низа патувања, авантури и заговори – и, секако, до прекрасната Џанан, љубовта на Осман − која стои рамо до рамо со Беатриче на Данте или со некои од мистериозните ангели на Рилке.