Опис
„Ниту вистина ниту лага“ содржи 14 современи басни напишани во долги и во куси редови – во проза и во поезија. Ликовите-животни во нив се наоѓаат во најразлични животни ситуации, тие се добри или лоши, воспитани или дрски… Преку алегорија и персонификација, современите басни остваруваат широка воспитна и поучна димензија. Комбинацијата на прозното и поетското изразување на Магде Ангова придонесува басните да бидат игриви и забавни за децата.