Опис
Во оваа книга се опишани сите фази на еден компајлерч лексичката анализа, разложувањето, апстрактната синтакса, семантичките дејства, посредните претстави, инструкциската селекција преку споредување на дрвата, анализата на податочниот тек, доделувањето регистри со помош на боење графови, како и системите при извршување. Во неа е вклучено добро покривање на тековните техники за генерирање програмски код и доделување регистри, како и преведувањето на функционални и објектноориентирани јазици што ги нема кај повеќето книги. Најприфатените и најуспешните техники се концизно опишани, наместо да претставуваат исцрпен каталог на секоја можна варијанта, и се илустрирани со реални класи во Јава.