Опис
Г-ѓа Флоренс Најтингел ѝ доверува тајна порака за „Птицата“ на г-ѓа Тапер, глувата газдарица на Енола, којашто ја сошива во својата старинска кринолина, без да доразбере за што точно станува збор. Исчезнувањето на г-ѓа Тапер ја оживува и шифрираната порака. Енола успева да ги поврзе нишките и да ја одгатне пораката низ вистинска „текстилна“ авантура, навезена, сплетена и исткаена со букви…
__________________________________________________________________________
„Шифрираната кринолина“е петтата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.