Опис
Еден татко се обидува да го заспие своето дете, но во тоа го спречува нивното куче Стела, кое постојано лае. Секогаш се случува нешто неочекувано во вистинскиот и во имагинарниот свет на Стела. Дали е тоа баба која доаѓа да и даде мисиркино месо или, пак, се верверици кои си прават легло во тостерот? Најдобро е да се залае, за секој случај. Секој што се обидел да заспие дете, знае колку е кревка таа ситуација. „Мила Стела, доста лаеш!“ е поинаква приказна за заспивање, полна со топли чувства и забавна мешавина од познато секојдневие и фантастични лудории.