Опис
Збирката по МАТЕМАТИКА за седмо одделение во основното деветгодишно образование е создадена според новата програма за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа. Во збирката се понудени задачи со кои се утврдуваат и продлабочуваат знаењата. На крајот на збирката се дадени тестови за проверка на знаењата соодветно на материјалот што се изучува во четирите тримесечја. Збирката има цел да му помогне на наставникот за поефикасна реализација на наставните содржини по математика, на ученикот, низ задачите и тестовите, полесно да ги постигне очекуваните резултати поставени во програмата, а на родителите да го следат напредокот на своето дете.