Опис
Оваа книга претставува збирка задачи со тестови, истражувања и ИКТ-активности подготвени според наставната програма по математика за трета година во средното гимназиско образование. Покрај задачи за утврдување и примена на наученото, во овој дел се понудени и многу загатки, сложувалки и игри со кои учениците можат да ги применат своите знаења на забавен и интересен начин. Понудени се и мноштво интересни практични задачи со кои учениците мојат да ја согледаат примената на изученото во секојдневните активности. Збирката претставува важна компонента во дидактичкиот комплет по математика во насока на продлабочување и проширување на знаењата и вештините по математика за трета година.