Опис
Оваа книга се занимава со македонската визуелна генетика и ги истражува македонските визуелни културни традиции во ера на брзи и драматични општествени промени. Вековната борба за македонски идентитет, како и барањето на македонскиот идентитет и културен генетски код, станува видлива со бурните општествени промени и револуционерните движења кон крајот на 19 и во почетокот на 20 век, а се зајакнува со сувереноста, самостојноста и независноста на Република Македонија од 1991 година и потребата за определување на нејзината културна различност и идентитет во светски рамки.
Во постмодерната ера, во која царуваат глобализацијата, интернетот, социјалните медиуми и визуелните комуникации, овој културен генетски код ќе биде студиран во рамките на визуелната култура, низ призмата на народната култура и фолклорот (традиционален и урбан) од една страна и високата култура и уметност од друга страна, но и преку полето на поткултурите кои се инхерентни за популарната културa и медиумите, и ме