Опис
Вежбанката по предметот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК за четврто одделение во основното деветгодишно образование е создадена според новата програма за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа.
Во вежбанката детето ќе учи како да ги користи елементите на јазикот во усна и писмена комуникација, да ги препознава и користи именките, заменките, скратениците, глаголите и придавките, како и да да ги дели зборовите на слогови. Ќе учи да анализира и аргументирано да интерпретира литературни текстови и текстови од народното творештво, како и да прераскажува текстови на зададена тема. Ќе учи да прави разлика помеѓу традиционални и дигитални медиуми и да ги објаснува нивните предности и недостатоци.