Availability: In Stock

Квантна надмоќ

Бар код: 9786082679297

550ден

Шифра: 012782

Издавач: Арс Либрис

Автор: Мичио Каку

Година: 2024

Страници: 344

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија: Таг:

Опис

Квантните компјутери ветуваат невидени придобивки во ком пјутерската моќ, овозможувајќи напредоци што би можеле да ги променат сите аспекти на нашиот секојдневен живот. Произ водителите на автомобили, медицинските истражувачи и кон султантските фирми – сите се обложуваат на квантната компјутер ска технологија за дизајнирање на поефикасни возила, созда вање нови животоспасувачки лекови и оптимизација на бизни сите. Квантната компјутерска технологија може да се користи за дешифрирање на сложените хемиски процеси потребни за про изводство на евтини ѓубрива и за создавање втора „Зелена револуција“ и супербатерија што ќе ја овозможи соларната ера; или дизајнирање на нуклеарни фузиски реактори за производ ство на чиста, безбедна и обновлива енергија. Може дури и да ги открие неверојатно тешките процеси на „свиткување“ на протеините што се наоѓаат во срцевината на досега неизлечли вите болести, како Алцхајмеровата болест, АЛС и Паркинсоно вата болест. Квантните компјутери веќе се користат за да помогнат во решавањето на најголемата мистерија во науката – потеклото на универзумот. Со својата карактеристична јасност и ентузијазам, д-р Мичио Каку, кој го поминал целиот свој професионален живот работeјќи на квантната теорија, ја раскажува оваа интересна и возбудлива научна приказна за трката за освојување на иднината на човештвото.