Опис
Обој и врами!
Oваа боенка содржи 19 прекрасни илустрации на цветови од градината. На задната страна од секој цртеж за боење е даден и опис на цветот и приказна или легенда поврзана со него. Обоените цвеќиња можете да ги врамите и потоа со нив да ги разубавите вашите ѕидови.
Препуштете се на префинетите илустрации и уживајте во разиграните мотиви на најбујното годишно време – пролетта! Отворете ја вратата на вашата тајна градина и дозволете си релаксирано време, време без стрес, време само за вас!