Опис
Едукативни налепници: Кој каде живее?
ПОЛАРНИ ЖИВОТНИ
Исечи, залепи научи!
Поларните региони се најладните места на Земјата. Лете имаат по 24 часа дневна светлина, а зиме – постојана темнина. Копно покриено со постојан мраз, делумно замрзнат океан и силни ветрови. Тешко може да се замисли дека некој би преживеал на такво место, но…
Оживувајте ги сцените со животни – налепница по налепница!
Налепниците се лесни за сечење и за одлепување и се совршени за малите вредни детски прстиња! Со овие едукативни налепници децата ќе останат долго ангажирани, додека се забавуваат и истовремено учат за живеалиштата на животните.