Availability: In Stock

Кобзар

Бар код: 9786082297262

200ден

Издавач: Арс Либрис

Категорија:

Опис

Тарас шевченко за Украина е она што е Данте за Италија или његош за Црна Гора: не само национален поет, туку и митска фигура врз чии рамена може да се изгради нација. А токму ова е книгата-постамент: „Кобзар“ (горе-долу украинскиот збор за поет, бард) најпрво ќе стане титула покрај името на шевченко, а потоа и симбол за неговата сеопшта функција.

Големиот Кобзар има толку големо значење за Украинците што, дури и независно од неговиот типичен романтичарски сензибилитет, илузијата дека е вечен и неисцрпен го прави интересен за секое ново поколение. По волјата на историјата, тој е во секое време изедначен со Украина, па заедно со нејзиното постоење, продолжува да живее и самиот тој, собирајќи го во себе новото време и новото искуство на народот. Одговара на новите болки и мисли, застанувајќи пред новите предизвици на судбината, растејќи и развивајќи се во времето и во историјата, секогаш близок, но и секогаш недопирлив.