Опис
Светската филмска џвезда Камерон Дијаз служи како пример за милиони жени ширум светот во текот на нејзината кариера. Но, како што самата признава, таа не била отсекогаш посветена на здравјето како што е сега.
Во „Книга за телото“ Камерон ја споделува сопствжената формула како да се биде поздрава, посилна и посреќна личност.
Како млада девојка, Камерон не размислувала секогаш за тоа дека одлуките што ги носи за својата ишрана и својот начин на жживот ќе влијаат на нејзиното здравје во годините што доаѓаат. Но, во изминатите 15 години, таа открива дека она што го јаде секогаш е поврзано со тоа како се чувствува и како изгледа. Тоа сознание – дека ишраната влијае на жживотот – ја натера да истражува и да дознае кој е најдобриот начин на ишрана, физичка активност и грижа за нејзиното тело.