Опис

Дали навистина сакате добро да играте ракомет? Со овој темелен курс тоа сигурно ќе ви успее. Главниот акцент е ставен на техниката и на тактиката во нападот и во одбраната. А како тренер ќе дознаете како оптимално да ги тренирате вашите играчи. Овој компактен учебник ви нуди се во една книга.

– Ќе го дознаете она што е најважно во врска со правилата, техниката, тактиката, методиката, стратегијата и тренингот – Авторот – поранешен професионален играч, а сега успешен едукатор на ракометни тренери – ќе ви пренесе целосни знаења, почнувајќи од организацијата на тренингот, па се до учеството на натпревари.

– Освен тоа, ќе добиете и експертски совет за почетници, професионални играчи, тренери, судии, спортски наставници, студенти по спорт и лица задолжени за грижа на екипата.