Опис
Изучувањето на македонската традиционална вокална музика претставува комплексен пристап што опфаќа низа вокално-технички и теориски аспекти. Изучувањето на овој дел од музичкото наследство на македонскиот народ со богата и разнообразна историја и култура вклучува правилно користење на гласот, контрола на дишењето, експресија и артикулација, како и учење на различни техники на вокално изразување, вклучувајќи го препознавањето на специфичните традиционални стилски изразувања во македонската музика.