Опис
Фелис катус, подобро позната како нашата мила домашна мачка, е ценет другар на човекот уште од најстари времиња. Таа е симбол на културата и префинетоста, олицетворение на фантазијата на старите Египќани, кои на мачките им укажувале највисока почит. Нашите крзнени пријатели се прикрадувале во ателјеата на многу уметници, како Пабло Пикасо, Клод Моне и Џорџија О’Киф. Затоа, се чини соодветно овде да наведеме 21 култивирана мачка додека патуваме низ историјата на уметноста. Од уметноста на Стариот Египет и Византија, до откачениот и екстремно успешен свет на групата „Млади британски уметници“, ќе ги истражиме стиловите што се обележје на важните движења во уметноста и уметниците што ги предводеле. Елементите што се користеа за да се создаде списокот на 21 мачка, се наведени со објаснување за тоа како тие влијаеле врз работата на одреден уметник или врз одреден аспект од уметничкото движење.