Availability: In Stock

И

Бар код: 9786082800868

330ден

Шифра: 012859

Издавач: Арс Либрис

Автор: Кристина Краличин

Година: 2025

Страници: 157

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категории: , , Тагови: , ,

Опис

„И“ е четврти роман на Кристина Краличин, базиран на вистинска приказна со реални настани и случувања, со ликови именувани со вистински имиња. Ваквиот раскажувачки принцип го следи општиот реалистичен концепт на една лична семејна сага со автентични описи на македонските обичаи, традиции, адети, изгледот на македонското село Теово, атарот на селото и областа Азот. „Радикалниот“ реализам му дава тон на биографичност и исповедност на романот, при што фикцијата е фокусирана на оживување на разговорите (дијалозите) на автентичниот дијалект. „И“ е радикално компресиран наслов со широко симболично и асоцијативно значење. И е сврзник кој асоцира на континуитет и на бескрај, и е и честичка за нагласување, и е и иницијал од името на главниот лик – Ицана, прабабата на авторката и нараторката, и е и трага на минатото издлабено во кората на седумстолетниот јавор на сегашноста, кој освен што функционира како лик-чадор во романот, е и жив сведок на приказната.