Опис
Детална, концизна и современа, „Харперовата илустрирана биохемија“ е на врвот според својот квалитет и можноста за објаснување на врската помеѓу биохемијата и молекуларната основа на здравјето и болеста. Дваесет и осмото издание претрпе големи промени – вклучително и конверзија во боја на сликите и нацртите и детална ревизија и осовременување на секое поглавје – со цел да се отслика најновиот напредок на знаењето и технологијата и текстот да се направи колку е можно посовремен и клинички релевантен. Погодувајќи го совршениот баланс помеѓу деталноста и прецизноста, „Харперовата илустрирана биохемиј“а е клучна за УСМЛЕ прегледите и е најдоброто референтно дело за учење на клиничката релевантност на темата на биохемијата..