Опис
„Гладното пиле“ е симпатичен авторски проект на една мајка и нејзиното синче. Прво настанале цртежите на малиот Марко, а потоа мајката Мирјана го напишала текстот, и така се создала една весела, хумористична и забавна приказна за опасното пиле што шетало гладно низ шумата и ги плашело шумските животни, па дури и тигарот Тара.