Опис
Генерално, минатиот век е век на успех во борбата со заразните болести, но, сепак, сме сведоци на неколку „неуспеси“ како што се сидата, повторната појава на туберкулозата, сé уште присутната маларија. Целта на оваа книга е да се организира еден постојан извор на знаења за генетските варијации кај домаќинот на инфекцијата и за имунитетот, со што се поставува темел за идните истражувања. Покрај оваа примарна цел, книгата ја остварува и својата секундарна цел – обединување и надградба на работата на научниците, клиничарите и на сите останати професионалци што се запознаени со генетиката или со инфекциите.