Опис
Ова издание на Физика, збирка прашања и задачи со тестови претставува дополнување и проширување на Националната програма по физика за прва година во средното образование. Има цел на учениците да им помогне полесно да ги совладаат основните концепти од физиката, но и да ги прошири нивните знаења и да им го олесни преодот во постојната програма по физика за средно образование. Освен во редовната настава по физика, оваа збирка може да послужи и за подготовка на матурски испит по физика, квалификациски испити за упис на факултет, натпревари по физика и др., како и да им даде помош на наставниците околу подготвувањето на часовите за повторување на знаењето и за оценување.