Опис
Вежбанката по предметот АНГЛИСКИ ЈАЗИК за четврто одделение во основното деветгодишно образование е создадена според наставната програма за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието и ги покрива сите општи и конкретни стандарди произлезени од неа. Оваа вежбанка се состои од четири дела:
• Лексика (Vocabulary);
• Граматика (Grammar);
• Јазични вештини и јазични функции (Skills: reading / writing & functional language);
• Тестови за проверка на знаењето (Revision tests).
Сите вежби се автентични и специјално создадени за ова издание, а и на соодветното ниво на изучување на јазикот во четврто одделение. Вежбанката има цел да му помогне на наставникот за поефикасна реализација на наставните содржини по англиски јазик, на ученикот, со низа активности и вежби, полесно да ги постигне очекуваните резултати поставени во програмата, а на родителите да го следат напредокот на своето дете.