Availability: In Stock

Ендодонција, том 1 и 2

Бар код: 5310328007847

18,500ден

Шифра: 012885

Издавач: Арс Ламина

Автор: Арналдо Кастелучи

Година: 2024

Страници: 1696

Повез: Тврд

Јазик: Македонски

Категории: , ,

Опис

Изданието „Ендодонција“ на д-р Арналдо Кастелучи е вистинско ремек-дело. Книгата ја опфаќа ендодонцијата во минатото, ендодонцијата сега, нејзините трендови и ендодонцијата на иднината. Ги прикажува промените во ендодонтските технологии: од еволутивната историја до правилната препарација на пристапниот кавитет, чистење и обликување и 3Д-полнење, од интердисциплинарната ендодонција до постендодонтската реставрација, ниеден детаљ не е пропуштен во описот на терапевтските методи што се потребни за клинички успех.

Том I почнува со поставување на темелите на ендодонтската дисциплина и овозможува читателот да го разбере буквално секој актуелен метод на ендодонтско чистење и обликување со извонредни илустрации што го покриваат секој детаљ од техниката.

Во Том II е прикажан методот на оптурација, со фокус на клучните аспекти во ендодонцијата, при што се дава јасен и разбирлив пристап што читателот лесно може да го сфати и веднаш да го примени во својата практика.

Дијагноза, чистење и обликување и, последователно, тридимензионална оптурација на коренските канали се најкритичните аспекти на ендодонцијата. Поглавјата посветени на овие теми се исцрпни како и поглавјето за ендопародонталните односи и за влијанието што го имаат двете патологии една на друга. Поглавјата за ортоградни и хируршки повторни третмани го прават текстот уште поактуелен и практичен, како и новите поглавја за тридимензионална радиологија и за регенерација на пулпата.

Делото е дополнето и со 75 видеа што прикажуваат значајни клинички случаи, достапни преку QR-кодови или на интернет-страницата endodoncija.arslamina.com.