Availability: In Stock

Едно лето во Италија

Бар код: 9786082676845

420ден

Шифра: 012471

Издавач: Арс Либрис

Автор: Ребека Серл

Година: 2023

Возраст: 18+ години

Страници: 223

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Кога ќе почине мајка ѝ на Кети, таа се чувствува изгубено. Керол не ѝ била само мајка туку и најдобра пријателка. Таа ги имала сите одговори и сега, кога ѝ е најпотребна на Кети, неа ја нема. Да бидат работите уште полоши, тие го планирале нивното животно патување мајка-ќерка: две недели во Позитано, магичниот град во кој Керол го поминала летото пред да го запознае татко ѝ на Кети. Таа со години го чекала ова патување со мајка ѝ, па сега е соочена со можноста да се впушти во авантурата сама.

Само што ќе стапне на брегот на Амалфи, Кети почнува да го чувствува присуството на својата мајка. Маѓепсана од прекрасните води, преубавите карпи, љубезните домаќини и, секако, превкусната храна, Кети како да се враќа во живот.

И тогаш се појавува Керол – жива, здрава, исончана и триесетгодишна. Кети не разбира што и како се случува – сè на што може да се сосредоточи е дека некако, невозможно, ја има мајка си назад.