Availability: In Stock

Дното се стеснува

Бар код: 9786082594828

250ден

Шифра: 003598

Издавач: Арс Либрис

Автор: Кирил Бисероски

Година: 2019

Страници: 128

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Иако дното се стеснува е дебитантско поетско (и, воопшто, книжевно) остварување на филозофот Кирил Бисероски и иако една од песните е веројатно посветена на Радован Павловски, голем дел од стиховите во оваа книга како да немаат свои претходници – или, барем, како тие да не твореле на јазикот на кој се напишани песните од оваа збирка. Водејќи се според сугестијата на Вордсворт од предговорот кон Лирските балади, Бисероски умешно ги претвора во предмет на својата уметност и „најтуѓите откритија на хемичарот, ботаничарот или минералогот” и, елегантно ракувајќи со иронијата, парадоксот и полуримата, успева околу нив да обликува еден особен есхатолошки светоглед, кој – иако навидум составен од ограничен број на контрапунктни слики (но/светлина, потоп/пролет, небото како тло и обратно) / оддишува со свежина и меморабилност на речиси секоја страница.