Availability: In Stock

Дидактика на јазично подрачје

Бар код: 9786082670195

650ден

Издавач: Арс Ламина

Повез: Мек повез

Категорија:

Опис

Книгата „Дидактика на јазичното подрачје“ од професор д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ не е само учебник наменет за идните педагози и наставници туку и дело за секој што сака да ги открие основните принципи на наставата по мајчин јазик. Напишана на јасен и разбирлив јазик, книгата може да им биде од корист како на професионалците, така и на лаиците; на студентите, на воспитувачите, на наставниците, но и на родителите.

Кога детето е подготвено да тргне на училиште? Дали описменувањето да почне со читање или со пишување? По кој редослед да се учат буквите? Како правилно да се употребуваат текстовите во букварот? Што има предност: гласот, зборот или реченицата? Кои методи за описменување се покажале како најефективни и најефикасни во теоријата и практиката? Ова се само дел од прашањата на кои ќе пронајдете одговори во оваа книга.