Опис
Уште кога преминав од Победа во Вардар, во далечната 1984 година, ми стана јасно
дека во Дарко се кријат многу особини кои ги немаа другите фудбалери на негова
возраст. Иако сè уште немаше 19 години, тој практично беше лидер на екипата.
Навистина, малку е чудно за еден толку млад играч да се каже дека е лидер во
екипата, но со Панчев навистина беше така. Тој знаеше да создаде една победничка
атмосфера и да го понесе целиот тим.
Илија Најдоски
Дарко Панчев, всушност, е ударната игла на шампионскиот топ-мегамеханизам, кој
е составен во дресот на Црвена звезда да одигра десет натпревари за незаборав,
без пораз, од Белград 19.9.1990 до Токио 18.12.1991. Во тие десет натпревари,
Панчев не само што стана најдобар стрелец на европскиот првак, туку ја разби
стручно новинарската заблуда за самиот себе. Така стана општоважечко мислење
дека Дарко е кобра во шеснаесетте метри…
Милојко Пантиќ,
спортски коментатор
Со Дарко бевме голем тандем во Црвена звезда. Двајцата одлично се надополну
вавме во играта. Јас бев левак, а тој деснак, па така често пати ги доведувавме во
мат-позиција противничките одбранбени играчи. Тие беа толку збунети, што не
знаеја на која страна да тргнат за да нè блокираат. Тоа што двајцата имавме по една
посилна страна – јас левата, а Дарко десната нога – едноставно внесуваше забуна
кај нив и многу тешко можеа да ја прочитаат нашата намера. Ние, пак, тоа знаевме
да го искористиме и ги доведувавме во очајна ситуација и нив и нивните навивачи.
Дејан Савиќевиќ
Како што го следиме Дарко низ целиот негов спортски пат, успешно ја демонстрирал
старата приказна за спортот. Изградувајќи се како еден спортист, со амблематична
вредност, како амблем на карактер на спортист, од своите помлади денови во
Вардар, до меѓународен план, до Црвена звезда, репрезентацијата на поранешна
Југославија и другите клубови каде што настапуваше, во сите тие спортски средини
во кои се движел, успешно одејќи нагоре и постигнувајќи европска и светска слава,
добивајќи ја „Златната копачка“ на Европа во 1991 година.
академик Владо Камбовски