Availability: In Stock

Дални наковални

Бар код: 9786082598208

200ден

Шифра: 005700

Издавач: Арс Либрис

Автор: Петре М. Андреевски

Година: 2020

Возраст: 14+ години

Страници: 64

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Може да се каже дека со стихозбирката Дални наковални, првпат објавена во 1971 година, Петре М. Андреевски воведува нова интонација во опејувањето на смртта. Притоа тој употребува нови жанрови во оваа етапа од своето творештво (како што се тажаленките и редаленките), што ги зајмува од народното творештво и од фолклорот. Споменатата промена во поетскиот израз на Петре М. Андреевски се забележува во тажачките песни, во воведувањето на дијалогот како драмска форма, обраќањето кон мртвиот, лелеците и оплакувањето, опевањето итн. Во оваа збирка е сместена и поемата „Смртта на бабарот“ што се смета за едно од најоригиналните дела во македонската поезија, во чиешто толкување се впуштиле многумина теоретичари на книжевноста.