Availability: In Stock

Црн овен

Бар код: 9786082674445

250ден

Шифра: 009889

Издавач: Арс Либрис

Автор: Блаже Конески

Година: 2021

Возраст: 18+ години

Страници: 76

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија: Таг:

Опис

„Црн овен“ е последната реч во долгото и богато творештво на Блаже Конески, стихозбирка во која на величествен начин го заокружува и го коментира сопствениот опус. Збирката ја сочинуваат песни и препеви поделени на два дела – насловени „Отпор“ и „Пораки од исток“ – двата обединети околу симболот на црниот овен, симбол извлечен преку креативна интерпретација на народна традиција на принесување курбан од бел овен за празникот Св. Атанас, со што се означува крајот на еден годишен циклус и почетокот на нов. Така, песните и препевите во духот на црниот овен главно говорат за разочараноста и резигнираноста од животот, обележани со многу меланхолија и тага. Но, „Црн овен“ е исто така збирка за проштавањето и барањето прошка; за убави спомени на прекрасни пејзажи и богати софри; збирка за животот, смртта и поезијата.