Опис
„Цепај сине“ е толковен заебантски речник у манирот на претходната книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Џабе живиш у Скопје“.
Стануе збор за еден цепенковистички зборник што кај читателот треба да побуди шегобијни чу’ства, осеќаји, сенсои и филинзи. Ќе прочитате ствари што нит’ сте ги чуле нит’ сте ги виделе. За некои ќе треба да ги прашате вашите родители, доста од нив не постојат ни на „Гугл“, а најголемиот дел се непознати чак и за Институтот за македонски јазик. Но, едно е сигурно – или ќе „цепате“ или (нема да) живеете.
Две иљади поими, дванаес поглавја и еден непревазиѓен хумор у светот. Македонскиот.