Availability: In Stock

Бувар и Пекише

Бар код: 9786082300849

250ден

Шифра: 002201

Издавач: Арс Либрис

Автор: Гистав Флобер

Година: 2012

Возраст: 18+ години

Страници: 306

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Во ремек-делото на Гистав Флобер, Бувар и Пекише, двајца маргиналци-идеалисти, по професија писари во една административна канцеларија во Париз, се поврзуваат со заемно пријателство. Како резултат на наследството на едниот и на заштедите на другиот, тие решаваат да ги поминат своите последни денови на една фарма во Нормандија. За време на таа повлеченост, поради потребата за експериментирање, како и поради нивната жед за опсервација и за теориски знаења коишто се претвораат во манија, тие се обидуваат во најразлични области – почнуваат со откривањето на светот на земјоделството за потоа да се оддадат на едно вистинско инвентирање на човечките знаења преку низа енциклопедиски истрајувања, кои, меѓу другото, се однесуваат на науката, на моралот, на религијата, на филозофијата.