Опис
Типично романтичарски, драмата Братот Луис де Суса – што се заснова на вистинити историски настани – се фокусира на трагичната врска меѓу вдовицата Дона Магдалена де Вилена и Мануел де Суса, концентрирајќи се во најголем дел на стравовите и копнежите на женскиот лик од двојката. Сè уште еден од врвните драмски класици на Португалија Братот Луис де Суса го проблематизира правото на влјубените да лјубат во светот на непоколебливи закони и одговорности. И самиот осуден да живее меѓу брачната (Луиза Мидоси) и вистинската љубов (Аделаида Пастор), Гарет одлучува да ја историзира сопствената растргнатост само неколку години откако ќе го направи својот избор: Жоао Португалски, сопругот на Дона Магдалена, наводно сè уште е жив и треба да се врати дома, но токму неговата некогашна (и наводна) смрт е она што го дава легитимитетот на бракот меѓу Магдалена и Мануел.