Опис
Ова издание претставува надополнување и проширување на новата предвидена програма по биологија за седмо одделение во основното образование донесена од Министерството за образование и наука на Р. Македонија, а во согласност со програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Збирката има за цел да го прошири знаењето на учениците и да ги подготви за наставните содржини по биологија во средното образование. Прашањата и задачите во оваа збирка имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалуација). Воедно, бројните прашања и задачи во оваа збирка можат да послужат и за подготовка на учениците за различни тестирања и натпревари. Следејќи го редоследот на наставните цели од наставната програма, збирката се состои од неколку дела што опфаќаат повеќе теми организирани во логични целини.