Опис
Твојата ќерка е исчезната. Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена. Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк. Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја. Не размислуваш ни за момент. Ѝ приоѓаш, ја молиш да се врати дома. Таа бега. И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои. Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено. Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.