Опис
Двете новели во овој избор се репрезентативни за интересите на шкворецки: поетични и живописни портрети на трагикомичноста на тоталитарните режими, Бас-саксофон и Легендата Емеке ја користат дјез-музиката не само како позадинска мрежа што го вплеткува читателот во низа колоритни халуцинации, туку и како дел од самата фабула, како непрестајна сугестија дека, поради неговата тенденција кон импровизации и вдахновена креативна енергија, дјезот секогаш ќе биде анти-авторитарен. Бас-саксофон има автобиографски призвук: самиот шкворецки многу лошо свирел тенор-саксофон за бендот наречен Црвена музика за време на нацистичката окупација на чешка, период во кој дјез-музиката е забранета од режимот како дело на Црнците и на Евреите во Америка. Поради тоа, дјезот се преместува во илегала и станува израз на протест против нацизмот и неговата цензурирачка политика врз културата и слободата на изразување