Опис
Скопје.2005 година. Мирен, топол и бавен јунски ден во канцеларијата на мамурниот инспектор Јован Ингилизов. Набрзо, монотонијата на одделението за крвни деликти, како гром од ведро небо ќе ја растера веста за откриено тело во локалитетот Стоби. Истрагата е отворена, а секој новооткриен детаљ упатува на добро испланирано и изрежирано убиство. Паралелно со истрагата за убиството, одделението за потраги води случај за исчезнато лице со навидум лесно полициско досие што не упатува на сомнеж за вклученост во сериозни кривични дела. Но, ѓаволот се крие во деталите,а тие ја носат приказната во неочекуван правец, во светот на окултното и симболичното.