Опис
Кралот на Бохемија е уценет од својата претходна љубовница; свршеникот на една млада дама ненадејно исчезнува на денот на венчавката; црвенокос господин се наоѓа во крајно бизарна ситуација што не може да ја разбере; млада девојка е загрижена за својот живот откако сестра ѝ мистериозно умира. Само еден човек има одговор на сите овие мистерии, а тоа е секако Шерлок Холмс.
Книгата „Авантурите на Шерлок Холмс“, објавена во 1892 година, е првата збирка раскази за ненадминливиот лондонски детектив и неговиот помошник д-р Вотсон. Оваа збирка содржи некои од најпознатите раскази на Артур Конан Дојл, меѓу кои се вбројуваат „Скандал во Бохемија“, „Сојузот на црвенокосите“ и „Лентата со точки“.