Availability: In Stock

Атанасиј: кохерентноста на неговата мисла

Бар код: 9786082479903

250ден

Шифра: 002072

Издавач: Арс Либрис

Автор: Калед Анатолиос

Година: 2017

Страници: 258

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Во оваа книга, Калед Анатолиос ни презентира сеопфатна студија за свети Атанасиј, една од највлијателните фигури за развојот на христијанското учење.

Тој ја анализира кохерентноста на теологијата на Атанасиј, поврзувајќи ја со различни аспекти од неговото учење – Бог, созданието, теолошката антропологија, христологијата и искупувањето и животот во благодат – со посебен акцент врз радикалната разлика и истовремениот однос, помеѓу Бог и светот.

Атанасиј: Кохерентноста на неговата мисла ни овозможува систематски увид во севкупната внатрешна логика на визијата на Атанасиј.

Ни покажува како различните аспекти од неговото учење се меѓусебно поврзани и со тоа ни ја разјаснува комплексноста и на атанасиската мисла и на христијанското учење воопшто.

Калед Анатолиос е вонреден професор по историска теологија на Западното језуитско училиште за теологија во Кембриџ, Масачусетс.

Тој е автор на Атанасиј (од збирката за раните црковни отци).