Availability: In Stock

Архангел : oслободување на ѕверот

Бар код: 9786082596877

390ден

Шифра: 003880

Издавач: Арс Либрис

Автор: Даниел Бибовски

Година: 2019

Страници: 280

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

По завршувањето на најразорната војна во историјата, Третата светска војна, човековата цивилизаcија одлучува да го реорганизира светот, со помош на напреднатата технологија. Најголемото достигнување на здружениот труд е тест-населбата Архангел 2009, сместена на Антарктикот, најнегостопримливото место на Земјата. На Архангел се вселуваат врвните умови од сите области: психолози, инженери, биолози, економисти, лекари, физичари, филозофи, па дури и уметниcи. За многу брзо време проблеми како глобално затоплување, загадување, глад, недостаток на вода за пиење, недостаток на живеалишта и слично, драстично се намалуваат или cелосно стануваат минато. И додека се чини дека планетата доживува преродба од секаков аспект, човековите слабости, како што се алчноста и потребата за надмоќ, сè уште демнат зад аголот како најголема опасност.