Опис
Константин Дораковски, автор на неколку романи и три драми, во ова дело ја следи судбината на Алексо Божин, во бурните први две децении од дваесеттиот век, кога големите турбуленции околу Македонија го турнаа
нашиот народ да биде само обичен објект за интересите на околните држави. Алексо Божин, поминува низ тие премрежиња и бурни настани, раскажувајќи, без да се жали на судбината, и ги прифаќа своите тегоби низ востанието и војните изнесувајќи ги своите лични мисли и чувства за состојбите, случувањата и личностите со кои се соочува.