Availability: In Stock

73 дена

Бар код: 9786082800851

350ден

Шифра: 012858

Издавач: Арс Либрис

Автор: Иво Митев - Жиле

Година: 2025

Страници: 216

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категории: , Тагови: , , , ,

Опис

„73 дена“ е првиот роман на раскажувачот и драмски автор Иво Митев-Жиле. Граден на една мошне чувствителна лична предлошка – дневникот на својот татко, романот ни го претставува, автентично и во прво лице, патувањето на бродот „Галеб“ на Јосип Броз Тито во 1961 година, кое траело 73 дена и е познато во историјата како Патот на мирот. Главниот лик, таткото на нара торот, на 14 години го напушта својот дом и заминува да учи средно техничко училиште во Пула, а потоа како активно воено лице патува на прославениот брод заедно со Маршалот. На патувањето од 73 дена, таткото на нараторот водел дневник којшто е искористен како еден вид калап, рамка, порта за книжевен влез во автентичниот допис на нараторот, синот на главниот лик. „73 дена“ е роман со многу впечатлива тема и несекојдневен пристап. Тој лебди помеѓу биографија, патопис, дневник… проширувајќи го и хибридизирајќи го романескниот жанр со многу референции на актуелни филмови, музики и книги од тоа време. Фактот и фикцијата во него постојано пловат заедно.