Нашите графички услуги првенствено се фокусираат на висок квалитет, прецизност, професионалност и експедитивност за да ви помогнеме да ги реализирате вашите проекти успешно и ефикасно.

Графичките услуги што ги нудиме се:

Подготовка за печат: вашите дизајни ќе бидат подготвени за печат, со внимание на секој детаљ, за да се постигне совршен резултат.

Наша специјалност е дигиталниот печат, кој нуди брзи и квалитетни решенија за вашите потреби, без компромис со квалитетот.

Изработка на печатарски плочи (CTP): Нашиот процес на изработка на печатарски плочи е строго контролиран и се одвива во специјално контролирани услови. Користиме најсовремени уреди за проверка на плочите, што гарантира квалитет и точност во секоја испорака.

Нашиот високопрофесионален, искусен тим графички дизајнери ги изработуваат најубавите корици на книги и други изданија, истовремено нудиме и можност за графичко уредување на книги, каталози, и други изданија.

Во оддел за ковертирање, билинг и варијабилен печат нудиме интегрирани решенија за ковертирање и билинг, вклучувајќи и варијабилен печат, кој ви овозможува персонализирана и ефикасна комуникација со вашите клиенти.

Контактирајте нѐ: design@arslamina.com