Во ова издание на емисија „Астрорум“ гостува еден од најпопуларните македонски актери, Драган Спасов – Дац. Роден е на 20 април 1963 во Скопје и е еден од најпопуларните македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Слободан Унковски. Од 1992 до 2016 година работел како глумец во Драмски театар – Скопје, по што беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар. До сега има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, а во неговата филмографија се запишани и успешно одиграните ликови во ТВ и филмските проекти: „До балчак“, „Тврдокорни“, „Тркало на среќата“, „Македонски народни приказни“, „Обични луѓе“, „Хихирику“, „Време за плачење“, „Салон Хармони“, „Грев или шприцер“, „Крик на немиот Индијанец“, „Време, живот“, „Македонија може“, „За трошка среќа“, „Ѕвездите на 42-та“, „Трето доба“, „Случки од животот“ и незаборавната „Бушава азбука“.
Во ова интервју, на нашата уредничка Бранка Костиќ-Марковиќ, тој открива дел од своите професионални, но и животни ставови, а зборува и за своите најнови музички задоволства.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=vF2SRKOp5U0&w=560&h=315]