По реализираната едукативна презентација пред просветните работници од основните училишта во соработка со Општина Кисела Вода, претставници на издавачката куќа „Арс Ламина“ продолжија со планираните активности во склоп на кампањата „Читањето е супермоќ“.
Посетени беа ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, ООУ „Партение Зографски“, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, ООУ „Невена Георгиева Дуња“, ООУ „Св. Климент Охридски“, Драчево, ООУ „Кузман Шапкарев“, ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Круме Кепески“ и донирани по 100 книги за нивните библиотечни фондови. Со збогатување на понудата на библиотеката со нови изданија од едицијата „Лесно читливи лектири“, со вежбанки, читанки, збирки и нагледни постери, а во соработка со наставниците и библиотекарите, сакаме да ги поттикнеме читачките навики кај децата, да го привлечеме нивното внимание и да помогнеме во тоа училиштата да бидат уште постимулативна средина за читање.
За таа цел, на посетителите на неодамна одржаната презентација по електронски пат им пративме конкретни насоки, методи, алатки и стратегии што можат да ги применат во нивната секојдневна пракса, а кои наскоро ќе бидат достапни за бесплатно преземање на платформата https://resursi.literatura.mk/. Во рамките на кампања, стартувавме и со литературен и ликовен конкурс насловен како „Читањето е супермоќ“ што трае до 23 мај 2023. Деталите за сите што сакаат да учествуваат се на следниов линк: https://blog.literatura.mk/2023/04/23/citanjeto-e-supermokj-konkurs-2023/



















































